Усвоен деловникот на Комисија за документарно работење при МБА
Комисијата за документарно работење при Македонската Банкарска Асоцијација на својата трета седница, одржана на 15.11. 2018 години во Скопје, го усвои и изгласа Деловникот за организација и работење на Комисијата.
- Деловникот претставува важен документ – рамка во која се уредува организацијата, функционирањето и делокругот на работењето на Комисијата во која членуваат сите 15 банки во РМ, како и 2 штедилници. Опфаќа теми од областа на документарното работење , усогласувањето на ставови меѓу членките, следење на законски и подзаконски прописи, формирање работни групи, организација на средби, дискусии, стручни расправи, семинири, предавања, работилници и сл….акцентираше претседавачот на Комисијата за документарно работење на МБА, Тони Трајковски, директор на Дирекција за платен промет во странство во Халк банка АД Скопје.