ПРОСЛАВЕН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО
И оваа година Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити организираше настан по повод Светскиот ден на штедењето 31. октомври.
Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, го отвори настанот. Во своето обраќање честитајќи го празникот и петгодишниот јубилеј на МБА таа се осврна на значењето на штедењето и на достигнувањата на асоцијацијата.
На настанот се обратија и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и директорот на Фондот за осигурување на депозити, Амир Шабани.
На овој значаен ден за банкарскиот сектор традиционално беа доделени плакети на најдобрите службеници, кои беа номинирани од членките на Македонската банкарска асоцијација – банки, штедилници, Клириншка куќа КИБС и Македонско кредитно биро.