Претставници на МБА присуствуваа на состанок на FEPG

На 14.04.2022 се одржа онлајн состанок на Financial Education Project Group, во рамките на Европската банкарска федерација, меѓу кои присуствуваа и претставници на Македонската банкарска асоцијација.

Состанокот беше свикан за целите на натпреварот Европскиот квиз на парите. Се дискутираше за техничките спецификации на финалниот натпревар, како и за претстојното дводневно патување во Брисел, Белгија за петте тимови кои ќе постигнат најдобри резултати на натпреварот. На крајот, претставниците на банкарските асоцијации на земјите-членки на ЕБФ ги споделија нивните искуства од националната фаза на натпреварот.

Европското финале на квизот ќе се одржи виртуелно, на 10-ти мај. Наши национални претставници на натпреварот се учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц од гимназијата СУГС “Joсип Броз Тито”, Скопје, во менторство на Емилија Величкова.

niksa

About niksa