Претседателката на МБА го поздрави 25-тото Годишно Собрание на АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари
Денес, 27.11.2020 година, се одржа редовното 25-то Годишно Собрание на АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари.
Претседателката на Асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева, на 25-тото Годишно Собрание на АЦИ Македонија одржа поздравен говор и укажа на успешната меѓусебна соработка помеѓу Македонската банкарска асоцијација и АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари.

На овој настан поздравно обраќање имаше и гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, д-р Анита Ангеловска – Бежоска.
По поздравното обраќање на претседателот на Здружението АЦИ Македонија, г-дин Бојан Цветановски, свое излагање имаа Ѕвонко Станковски на тема: ИСДА мастер договор имплементација и тековен развој и Сашо Радевски на тема: СКИБОР ретроспектива и движења.

Поради ситуацијата со Ковид – 19, 25-тото Годишно Собрание на АЦИ Македонија –Здружение на финансиски пазари се одржа онлајн преку Webex платформата.