Одржана трета седница на Одборот за избор и следење на референтни банки
Денес, 29.03.2021 година, се одржа третата седница на Одборот за избор и следење на референтни банки. Со седницата претседаваше претседателот на Одборот за избор и следење на референтни банки, Влатко Лескароски.
На третата седница, членовите на Одборот дикутираа за поставувањето на котации на референтните банки и движењето на SKIBOR каматните стапки во Q1 2021 година и беше даден краток преглед на SKIBOR каматните стапки и на котациите за SKIBOR каматни стапки во Q1 2021 година за сите котации на референтните банки.

Исто така, членовите на Одборот за избор и следење на референтни банки на третата седницата направија и годишно ревидирање на статусот на референтните банки. Седницата се одржа виртуелно преку Webex платформата.