Одржана Регионалната Конференција „Non profit organizations and risk assessment – engagement and lessons learned for effective implementation“
На 10.06.2021 година се одржа Регионалната Конференција со работен наслов „Non profit organizations and risk assessment – engagement and lessons learned for effective implementation“ организирано од Управата за финансиско разузнавање, Европскиот центар за непрофитно право и здружението Конект, а поддржано од страна на Македонската банкарска асоцијација.
На настанот учествуваа претставници од Манивал, државни институции, непрофитни организации и банки од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словенија.
На овој настан свое обраќање имаше Дијана Рикаловска член на Комисијата за спречување перње пари и усогласеност со прописи, претставник на Македонската банкарска асоцијација. Конференцијата се одржа витруелно преку платформата Zoom.