Одржан состанок за примопредавање на должноста на новоизбраниот Одбор за избор и следење на референтни банки
Вчера, 10. ноември 2022 година се одржа состанок на кој што беше извршено примопредавање на должноста на новоизбраниот Одбор за избор и следење на референтни банки.
Поради истекот на мандат на досегашните членови, на 37. Седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација за членови на Одборот за избор и следење на референтни банки, со мандатот од 2 (две) години се избираа следните лица:
- Валентива Никовска, ПроКредит банка АД Скопје, претседател
- Дарко Илковски, Халк Банка АД Скопје
- Ана Николоски, Комерцијална банка АД Скопје, претставник на АЦИ Македонија Здружение нa финансиски пазари
- Жарко Митревски, ТТК банка АД Скопје
- Моника Ресановиќ, Стопанска банка АД Битола
Претходниот и сегашниот состав на Одборот на вчерашниот сосотанок дискутираа теми од интерес на Одборот по што новиот претседател г-ѓа Валентина Никовска ја презеде функцијата од г-дин Влатко Лескароски.
Македонската банкарска асоцијација се заблагодарува на досегашните членови и посакува успешна работа на новите членови на Одборот за избор и следење на референтни банки.