Одржан состанок на Комисијата за работа со хартии од вредност
Денес во новите деловни простории на Македонската банкарска асоцијација првпат по пауза од 2 години, членовите на Комисијата за работа со хартии од вредност одржаа состанок со физичко присуство.
На состанокот беа дискутирани актуелни теми, посебен акцент беше даден на Правилникот за кадровска, техничка и организациона оспособеност за основање и работа на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност.