Одржан првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари за 2025 година
Денес, 1ви Април 2025 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари, на кој што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава.
Најголем успех на натпреварот имаа Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ Кире Гаврилоски-Јане, Прилеп, ментор Соња Јорданоска, Сара Давидовска и Ангела Стојкоска од СЕПУГС Васил Антевски-Дрен – Скопје, ментор Билјана Ниновска, Катја Ивановска и Никифор Кискоски од ООУ Љубен Лапе Аеродром, Скопје, ментор Андријана Савеска и Ана Грбиќ и Мила Игњатовска, СЕПУГС Васил Антевски-Дрен – Скопје, ментор Билјана Ниновска.
Најдобрите тимови од првиот круг ќе продолжат во вториот финален круг, кој ќе се одржи на 04.04.2025 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација, а победничкиот тим ќе ја претставува нашата земја на европското финале, на 23-ти мај во Брисел, Белгија.
Нашата држава по седми пат учествува на Европскиот квиз за пари – проект на Европската банкарска федерација наменет за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, што кај нас го организира Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност.