Одбележан Светскиот ден на штедењето – 31 октомври
Во духот на повеќегодишната традиција, Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Фондот за осигурување на депозити, организираше свечен настан по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.
Настанот го отвори претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, која во своето обраќање го нагласи значењето на штедењето како темел на финансиската стабилност и ја истакна континуираната заложба на банкарскиот сектор и Асоцијацијата за унапредување на финансиската едукација и писменост кај граѓаните.
На присутните се обратија и м-р Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии во Владата на Република Северна Македонија, д-р Трајко Славески, гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, и д-р Краља Чешмаџиска, претставник на Фондот за осигурување на депозити, која се обрати во име на директорот на Фондот, г-дин Бехар Емини. Во своите излагања тие ја потенцираа важноста на заштедите, довербата во финансискиот систем и улогата на институциите во поттикнување на финансиската стабилност и сигурност на граѓаните.




Во рамките на свеченоста беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2025 година – вкупно 31 најуспешен вработен во членките на Македонската банкарска асоцијација – банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Со одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити уште еднаш ја потврдија својата посветеност кон јакнење на довербата во финансискиот систем и унапредување на културата на штедење во земјата, како основа за подобра иднина и просперитетно општество.
Повеќе фотографии во фотогалеријата:
























  
  
  
