Националните победници на Европскиот квиз на пари 2023 на Македонската берза
По средбaта на која претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за образование д-р Јетон Шаќири ги поздравија победничките тимови на овогодишниот национален натпревар „Европскиот квиз на пари“, првопласираните Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ „Мите Богоевски“ – Ресен менторката Соња Стрезовска, второпласираните Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола со менторката Билјана Кочовска и третопласираните Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ „Гоце Делчев“ – Илинден со менторката Данче Нацевска се запознаа со работата на Македонската берза.
Преку краток филм и презентација од страна на Евита Иванова, советник за деловна поддршка на Македонската берза АД Скопје учениците се запознаа со развојот и улогата на берзата на финансискиот пазар во нашата земја.
Тие беа предизвикани да ја тестираат платформата – виртуелна берза, која има едукативен карактер и дава можност за симулација на тргување со постоечки хартии од вредност.

Учениците имаа кратка средба и со директорот на Македонската Берза, Иван Штериев кој им ги честита постигнатите успеси.