МБА на средбата на гувернери од регионот

Претседателот на Македонската банкарска асоцијација, Коста Митровски и неговиот заменик Тони Стојановски, како и други претставници на членките на Асоцијацијата, минатата недела присуствуваа на 7. средба на гувернерите од регионот, која се одржа во Савудрија, Хрватска. Организатор на овој значаен настан е едно од најугледните и највлијателни деловни списанија на хрватскиот пазар, бизнис-неделникот „Лидер“.

Во центарот на вниманието на панел-дискусијата за монетарна политика, годинава беа предизвиците што ги носат технолошките иновации на полето на финансиските услуги – финтек. Учесник на оваа панел-дискусија беше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Втората панел-дискусија, тематски беше посветена на инвестициите во Југоисточна Европа и на неа учествуваа претставници на повеќе деловни банки од регионот.

Оваа Средба е еден од неколкуте традиционални настани на кои високите претставници на централните банки од регионот имаат можност да разменуваат мислења и заеднички да носат заклучоци за најактуелните и најголемите предизвици за монетарната политика на регионално ниво. Истовремено, Средбата е и одлична можност за продлабочување на контактите и меѓу претставниците на деловните банки.

niksa

About niksa