МБА на регионална конференција за спречување перење пари и финансирање тероризам

На 29 и 30.9.2022 година се одржа Регионална конференција за спречување перење пари и финансирање тероризам во Приштина, Косово, на која присуствуваа претседавачот на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи при МБА, Глигор Пандиловски и извршниот секретар Милена Перчинкова. Модератор на настанот беше Албан Хетеми, претседавачот на Комисијата за СПП/ФТ при Банкарската Асоцијација на Косово.

Составен дел од програмата беа три панели и повеќе презентации кои ги опфаќаа следниве теми: важноста на соработката помеѓу сите актери на национално и регионално ниво во борбата против финансискиот криминал и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем; фокусот на клучните закани во спречување перење пари и предизвиците за усогласеност со прописи пост-Covid-19; имплементација на 6-тата Директива на ЕУ за СПП/ФТ во регионот, примена на автентикацијата на клиентите во дигитална форма (KYC), спроведување на Националната проценка на ризик од СПП во регионот.

На првиот панел Банкарска супервизија на СПП/ФТ базирана на проценка на ризик – Перспектива на супервизорот, панелист беше и Гоце Трајковски, виш советник во Народната банка на РСМ, додека Пандиловски даде свој осврт на темата Предизвици во спроведувањето на меѓународните финансиски санкции.

Своите искуства нашите претставници ги споделија со претставници од Црна Гора, Словенија, Албанија и Турција.

niksa

About niksa