Македонската банкарска асоцијација потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот балкански универзитет

На 1 октомври 2025 година, Македонската банкарска асоцијација потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) преку Факултетот за економски и административни науки. 

Меморандумот за соработка беше потпишан од д-р Маја Стевкова-Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација, и Доц. проф. д-р Лиза Алили Сулејмани, декан на Факултетот за економски и административни науки при МБУ.

Соработката опфаќа студентски пракси во банките-членки на МБА, вклучување на експерти од членките на МБА како гости предавачи во наставниот процес на универзитетот за клиничка настава, давање придонес во осмислувањето на новите студиски програми на Факултетот за економски и административни науки, како и заеднички истражувачки проекти посветени на актуелни финансиски теми.

Потпишувањето на овој Меморандум претставува чекор во насока на приближување на образовниот систем кон реалниот финансиски сектор, со цел создавање кадри подготвени да одговорат на современите предизвици во банкарството и економијата воопшто.

niksa

About niksa