Костадин Граматиков од Халк банка АД Скопје успешно го положи испитот за ACI Dealing Certificate во МБА
Македонската банкарска асоцијација е лиценцирана надлежна инстанца за онлајн полагање на ACI испитите односно е член на едукативната програма на ACI Financial Market Association која обезбедува издавање на сертификати што се признати на глобално ниво.
На 29.9.2023 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, г-дин Костадин Граматиков беше првиот кандидат кој успешно го совлада предизвикот и го положи испитот за ACI Dealing Certificate.

Тој вели дека за неговиот успех, покрај личниот ангажман значителна улога има поддршката од неговата матична банка, Халк банка АД Скопје, која инвестирала во неговиот личен развој и му го овозможила полагањето.
Македонската банкарска асоцијација го очекува пријавувањето на нови кандидати и се надева дека и тие ќе бидат успешни како првиот.