Комисијата за хартии од вредност на РМ го презентираше новиот финансиски инструмент – перпетуална обврзница

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ м-р Нора Алити со тимот пред членовите на Македонската банкарска Асоцијација го презентираа новиот хибриден инструмент на пазарот за хартии од вредност- перпетуалната обврзница.

Банките, како потенцијалните издавачи, се запознаа со можноста за користење на овој инструмент како начин за зголемување на својот додатен основен капитал која е прифатена на пазарите на капитал во развиените држави, пред сѐ од страна на институционалните инвеститори.

niksa

About niksa