Финансиските предизвици на компаниите во време на пандемијата и улогата на Македонското кредитно биро

Нашата економија е предмет на дискусии постојано. Постојано сме во некаква дебата околу финансиското работење, должничко доверителските односи, кризата, а во последната година и здравствената криза. Здравствената криза со која се соочивме минатата година, а и оваа, не соочи со предизвици во секојдневното функционирање, што нѐ наведе да го промениме начинот на живеење и работење, нѐ наведе да најдеме идејни решенија за како најдобро да се прилагодиме во дадените услови.

Според истражувањата кои што ги направија медиумите во изминатата година, компаниите како резултат на ненадејното запирање на економската активност поради здравствената криза, се соочуваат со предизвици во работењето, притоа го зголемуваат задолжувањето на компаниите кај кредитодавателите или банките со цел  да ја одржат својата активност . Предизвиците со кои голем број на комапнии се соочуваат се во насока на застој во своето работење, намалување на  испораките на коминтенти, намален извоз, поголем број лица заболени од коронавирусот, со тоа и вработени во изолација и самоизолација, а дадените предизвици негативно влијаат врз нивната продуктивност, остварувањето на планираното производство, (не)реализацијата на претходно преземените обврски, големината на нивните приходи. Сето ова резултира со намалена доверба кај компаниите, што доведува до намален број на новосклучени договори и партнерства со други компании поради несигурност во однос на тоа дали ќе бидат исплатени од истите. Истражувањата укажуваат и на фактот дека значителен број на претпријатија не биле можност да закрепнат од последиците со кои се соочувале, па затоа биле принудени да ги затворат своите фирми. Сите овие резултати од истражувањата укажуваат на фактот дека се соочуваме со ранлива економија, при што од исклучителна важност, во едни вакви времиња, е да обрнеме внимание со кого соработуваме и какви клиенти бираме.

Сето ова ги наведува компаниите да земаат краткорочни кредити за исплата на суровини, но и да можат со истите да ги исплатат своите вработени. Во цела оваа трка за изнаоѓање на решенија наидуваат на потешкотии во следењето на финансиската состојбата на својата компанија. За таа цел постои институција која е основана врз основан на посебен Закон за кредитно биро („Сл. весник на РМ“ бр.81/08, 24/11, 199/14, 192/15 и 83/18) од страна на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје), како друштво во сопственост на банките, и се вика Македонско Кредитно Биро.

Она што ние како компанија успеавме да го видиме е дека Македонско кредитно биро  управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските. Според извештаите како претплатници МКБ располага со најголемата и дневно ажурирана база на податоци која нуди единствени можности за заштита од ризично работење преку успешно управување и преземање ризици што може да се контролираат.

Во годините на работењето, и анализите кои ги имаме правено, заклучивме дека најголем проблем компаниите имаат со наплатата на своите побарувања. Затоа, како еден мал совет, кој би сакале да го издвоиме во иднина, и да прерасне во пракса, е секоја компанија да обезбеди информации за своите соработници и да ја креира стратегијата на компанијата согласно параметрите кои би ги обезбедила од електронската платформа на МКБ.

Со продуктите кои што ги нуди МКБ, правните лица можат да го пронајдат патот кон излезот на компаниите од финансиската криза и патот кон возобновување на сигурните деловни одлуки со цел заштита на компанијата од ризично работење. Повеќе информации за решенијата и продуктите кои што ги нуди МКБ за правните лица, можете да најдете на следниов линк https://mkb.mk/pravni-lica/.

niksa

About niksa