Европска недела на пари
Европската недела на пари е годишна иницијатива која ја промовира финансиска едукација низ Европа. Во текот на една недела во март секоја година, се одржуваат стотици активности во над 30 земји за промовирање на финансиската писменост во Европа.
Неделата се совпаѓа со Глобалната недела на пари и многу национални недели на пари кои се прославуваат низ Европа. Европската недела на пари ја организираат националните банкарски асоцијации низ Европа, под координација на Европската банкарска федерација.
Европската банкарска федерација и нејзините членки се посветени на финансиската писменост и ги вклучуваат помладите и постарите граѓани ширум континентот во уникатни едукативни проекти и обезбедуваат едукативни материјали. Распространето е верувањето дека личните финансии и свеста за економијата и ризикот се важни за благосостојбата на сите, особено на младите луѓе.
Во 2022 година, Европската недела на пари која што се прославува од 21 до 27 март е посветена на темата „Супер полнење со финансиски вештини“. Ќе се нагласи важноста на финансиските вештини со тоа што ќе се поканат Европејците да го тестираат своето знаење со краток онлајн квиз и преку гејмифицирана инсталација во Брисел, Белгија. Кампањата, исто така, ќе ги покаже врските помеѓу финансиските надлежности, информативната сигурност, пазарите на капитал и одржливоста.