Богоја Китанчев од НЛБ БАНКА АД Скопје и Маја Ставрева Стојанова од ШПАРКАСЕ БАНКА АД Скопје ќе ја предводат Комисијата за ESG

Собранието на Македонската банкарска асоцијација на  42. седница донесе Одлука за избор и именување на претседавач и заменик-претседавач на Комисијата за ESG.

Започнувајќи од 01.11.2023 година, Комисијата ќе биде рaководена од Богоја Китанчев, советник на Управниот одбор по област од НЛБ БАНКА АД Скопје како претседавач и Маја Ставрева- Стојанова, советник на Управен одбор – Офицер за одржливост во ШПАРКАСЕ БАНКА АД Скопје, како заменик претседавач.

Претседавачот и неговиот заменик во наредниот четиригодишен период ќе ја координираат работата на Комисијата за ESG согласно Статутот и другите акти на МБА.

Им посакуваме успех во водењето на Комисијата и во постигнувањето на целите за одржлив развој на нашето општество.

niksa

About niksa