Потпишани меморандуми со Македонската берза на хартии од вредност и Централниот депозитар за хартии од вредност

niksa

Македонската банкарска асоцијација, денеска, 31.01.2019 година, потпиша меморандуми за соработка со Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје и со Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје со кои се утврдуваат полињата за кооперација кои се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност.