Соопштение за медиуми од МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

Одржана шеста седница на собранието

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА на својата шеста седница на Собранието одржана на 08.11.2018 година, ги разгледа предложените законски измени кои се однесуваат на одданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните. Ставот на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА е дека нивната примена треба да се одложи до влез на нашата земја во Европската унија, со цел да се задржи позитивниот тренд на штедењето, да се обезбеди свеж капитал за стопанството, како и да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор.

Во однос на прогресивното одданочување, цениме дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде веќе е во примена.

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ќе побара средба со Министерството за финансии за подетално да ги презентира овие ставови.

Повеќе за седницата…

 

niksa

About niksa