Шеста седница на собранието на МБА

Актуелноста на најавените законски промени на даночниот систем беа тема на шестата седница на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА, одржана на 08.11.2018 во Скопје. Став на здружените банкари е дека предложените измени кои се однесуваат на одданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните би требало да се одложат се до приемот на земјата во Европската Унија. Тоа би допринело до натамошен раст на штедењето, обезбедување на свеж капитал за стопанството и одржување на стабилноста на банкарскиот сектор.

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ќе побара средба со Министерството за финансии за подетално да го образложи овој став како и мислењето дека за најавеното прогресивно одданочување е потребна поширока расправа и вклучување во предлогот на искуствата од земјите во кои тоа е веќе во примена.

На седницата детално се разгледани и забелешките на Предлог- Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување.

Собранието ја проследи информацијата на Народната банка на РМ за измена на Одлуката за задолжителна резерва, а за нов претседавач на правната комисија ја именува Виолета Јанева од НЛБ Банка Ад Скопје.

niksa

About niksa