Основачко Собрание на МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје

Основачко собрание на Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење, МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА, се одржа на 20 април 2018 година во Скопје.

Собранието ги усвои актите за основање и органите на асоцијацијата.

За Претседател на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА во наредниот 4 годишен период едногласно беше избран г. Коста Митровски, Главен извршен директор и Претседател на Управен одбор на Универзална Инвестициона банка АД Скопје.

За заменик-Претседател беше избран г. Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска Банка АД Скопје.

За извршен секретар беше избрана Милена Перчинкова, досегашниот секретар на Здружението на банкарство.

Како придружен член во Европската Банкарска Федерација со перспективи за полноправно членство во рамките на процесот на евроинтеграции на Република Македонија, Здружението на банкарство имаше неминовна потреба од трансформација во самостоен правен субјект по примерот и искуствата на сите останати земји, како од ЕУ, така и од нашиот регион.

niksa

About niksa