Осма седница на собранието на Македонската банкарска асоцијација
Усвоенa програмата за работа, благодарност до најактивните
Последната, осма седница на Собранието во годината на своето етаблирање на општествената сцена, Македонската банкарска асоцијација ја одработи на 25.12.2018 година. На неа беа донесени неколку битни одлуки за функционирањето на МБА во следната година, се усвоија програмата за работа и финансискиот план за 2019 година.
Собранието со кое претседавеше претседателот Коста Митровски донесе одлука да се прифати Изјава за потекло на имот како унифициран документ во сите банки и штедилници.
Претседателот Митровски го информираше Собранието и за потпишаните меморандуми за соработка со Министерството за образование и наука на РМ, Народната Банка на РМ и Комисијата за хартии од вредност на РМ насочени првенствено за финансиската едукација на младите и вклучувањето на Македонија во Европскиот квиз на парите, организиран од Европската банкарска федерација.
Благодарници за особен придонес во работата на МБА во 2018 година од членовите на комисиите добија: Горазд Поповски и Надица Ценева од Правната комисија, Маја Андреевска Блажевска од Комисијата за СПП и усогласеност со прописи, Билјана Момировска од Комисијата за ризици, Ирена Кузмановска од Комисијата за сметководство даноци и МСФИ, Тони Трајковски од Комисијата за документарно работење, Живко Атанасов од Комисијата за информативна сигурност и Благица Здравковска и Габриела Миленковиќ од работната група за е-даночна пријава.