Одржана првата седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација

РАЗГЛЕДАНИ АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БАНКАРСКАТА РЕГУЛАТИВА

На првата седницата на МБА, одржана на 3.5.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Бизнис центарот на ХАЛК банка АД – Скопје, се утврдија основните карактеристики на МБА и беа разгледани најактуелните прашања во врска со банкарската регулатива во земјата.

Седницата ја отвори и ја водеше претседателот Коста Митровски, кој ги поздрави присутните и се заблагодари на Управниот одбор на ХАЛК банка за можноста седницата да се одржи во нивниот Бизнис центар.

Господинот Билал Суџубаши, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на ХАЛК банка АД – Скопје, како домаќин на настанот, ја поздрави и ја поддржа новоформираната асоцијација, чија главна цел е да се унапредат банкарското работење и банкарскиот сектор во земјата, како и да се зголеми веќе значајниот банкарски придонес во националната економија.

niksa

About niksa