ЧЕТИРИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА МБА

Собранието на Македонската банкарска асоцијација на својата четиринаесетта седница, со која претседаваше д-р Маја Стевкова Штериева, го потврди организирањето на националниот натпревар и учеството на финалето на Европскиот квиз на пари, квиз на кој нашата земја како дебитант, минатата година го освои второто место.

Членовите на собранието беа информирани и за потпишаниот договор за соработка меѓу Македонската банкарска асоцијација и Банкарската асоцијација на централна и источна Европа – ВАСЕЕ, за формирање Интербалкански форум на банкарските здруженија од регионот како и за работните состаноци кои претседателката и заменик претседателот ги одржаа со преставниците на Европскиот банкарски орган – ЕБА и ММФ.

niksa

About niksa