15 Седница на Собранието на МБА – Прифатени принципите за одговорно банкарско работење

На својата последна седница во годината што изминува, одржана на 27 декември во просториите на Асоцијацијата, Собранието на Македонската банкарска асоцијација, под претседателство на д-р Маја Стевкова Штериева, ги прифати принципите за одговорно банкарско работење.

Членките на МБА имајќи го предвид местото што го имаат во општеството и посакувајќи да ја имаат водечката улога во градењето промени во економскиот и начинот на живот за заеднички просперитет на сегашните и идни генерации ги прифатија принципите на усогласеност, одредување на влијание и цел, клиенти, засегнати страни, управување и култура и транспарантност и одговорност.

Собранието ја прифати и програмата за работа на МБА во следната годинина, а меѓу другото донесе и Одлука за назначување на претседавач и заменик претседавач на Комисијата за човечки ресурси. За претседавач на Комисијата се назначи Љупчо Фармаковски АД Скопје, а за заменик претседавач Николина Миланова од Стопанска банка АД Скопје.

Проследени беа и повеќе извештаи од активностите кои членките на МБА ги имале во претходниот период.

niksa

About niksa