Михаела Атанасова – Стоичовска – заменик претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг
Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: Михаела Атанасова – Стоичовска – заменик претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг
Михаела Атанасова – Стоичовска е дипломиран економист и банкарски професионалец со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор. Нејзината кариера во банкарството започнува во ПроКредит Банка во 2004 година, каде што ја гради својата кариера на различни позиции во делот на кредитна анализа и оцена на кредитен ризик.
Kон крајот на 2013та година, се приклува на тимот на Стопанска банка АД – Скопје, како Заменик директор на Секторот за изготвување на кредитни предлози на корпоративни клиенти. Во текот на 2022та година, г-а Атанасова Стоичовска ја превзема позицијата Директор на Сектор за управување со кредитен ризик при Стопанска банка АД – Скопје.
По долгогодишно искуство во банкарскиот сектор, постојана надградба и едукација, како и со темелно разбирање на процесот на управување со ризици, г-а Атанасова Стоичовска на 49. седница на Собраниетo на МБА беше избрана за заменик претседавач на Комисијата за реструктурирање корпоративен долг и ќе биде вреден придонес за Комисијата, но и за МБА.