МБА на 3 февруари 2025 година ќе започне да ја објавува каматната стапка СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека на 3 февруари 2025 година ќе започне да ја објавува каматната стапка СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate), согласно Правилата за пресметување и објавување на меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити SKIBOR.

СКИБОР е референтна каматна стапка на пазарот на пари во денари и претставува меѓубанкарска каматна стапка по која една референтна банка е подготвена да продаде денарска ликвидност на друга референтна банка.

СКИБОР е достапна во неколку рочности (една недела; еден, три, шест и дванаесет месеци), се пресметува на дневна основа и се објавува секој ден во 12:00 часот.

Македонската банкарска асоцијација ќе ги објавува вредностите на референтната каматна стапка СКИБОР на својата официјална веб-страница www.mba.mk. Македонската банкарска асоцијација ќе презема континуирани напори во насока СКИБОР каматните стапки да бидат прифатени од страна на деловните банки како референтни каматни стапки во договорните активности со нивните клиенти.

niksa

About niksa