Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола – „Најдобро менаџирана банка во 2018 година” и по четврти пат – „Најдобра банка за работа со правни лица” и „Најдобра банка за работа со физички лица”

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет.

Овие награди се рефлект на иновацијата, достигнувањата, стратегијата, прогресивните и инспиративни промени кои институцијата ги превзема во т.н ,,финансиско општество’’.

Препознавајќи ги сите овие карактеристики во работењето на Стопанска банка а.д. Битола, реномираниот финансиски магазин „Global Banking & finance” по четврти пат на Стопанска банка а.д. Битола во 2018 година и ја додели наградата за „Најдобра банка за работа со правни лица” и „Најдобра банка за работа со физички лица”.

Континуитетот на добивање на оваа награда, веќе четврта година по ред, е повеќе од доволен доказ дека Стопанска банка а.д. Битола посветено и одговорно води грижа за своите клиенти, го подобрува своето работење и успешно одговара на потребите како на правните така и на физичките лица кои се клиенти на Банката.

Едно во низата на значајни признанија за 2018 година припадна на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д. Битола која од страна на „Business Worldwide Magazine” е прогласена за „Најдобро менаџирана банка во 2018 година”.

Овие награди кои се потврда на квалитетната и посветена работа на Банката ја заокружија успешната 2018 година за Стопанска банка а.д. Битола. Нивното значење е уште поголемо бидејќи се добиени во годината кога Стопанска банка а.д. Битола го прослави својот голем јубилеј – 70 години постоење. Ваквите големи достигнувања и признанијата со кои истите се потврдени се мотив плус Стопанска банка а.д. Битола да продолжи да работи и да се докажува како стабилна и квалитетна банкарска институција.

niksa

About niksa