Новата година во МБА почна со ПОЧЕСТИ ЗА НАЈДОБРИТЕ
Иако помина половина од јануари и новогодишните празници завршија деветмина членови на Македонската банкарска асоцијација се уште имаат причини за прослава. Нивната активност и ангажирање во работата на Македонската банкарска асоцијација во годината што замина, во вторникот (15.01.2019), на пригодна свеченост во просториите на асоцијацијата, беше наградена.
Согласно одлуката на осмата седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација благодарници за особен придонес во работата на МБА во 2018 година добија следните членови на комисиите:
Горазд Поповски и Надица Ценева од Правната комисија,
Маја Андревска Блажевска од Комисијата за СПП и усогласеност на прописи,
Билјана Момировска од Комисијата за ризици,
Ирена Кузмановска од Комисијата за сметководство даноци и МСФИ,
Тони Трајковски од Комисијата за документарно работење,
Живко Атанасов од Комисијата за информативна сигурност и
Благица Здравковска и Габриела Миленковиќ од работната група за е-даночна пријава.