Презентација на MiCreS проектот пред банкарската и академската заедница

На Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, Македонската банкарска асоцијација имаше задоволство да биде домаќин на претставници од тимот на проектот MiCres – г-ѓа Фатма Диркес, потпретседател на Frankfurt School of Finance & Management и претседател на European Banking & Financial Services Training Association (EBTN) и г-ѓа Катја Герц, директор на проектот MiCreS.

Покрај деловната средба одржана во просториите на МБА, беше организираше и специјален настан за официјална промоција на проектот пред претставници од банкарскиот сектор и академската заедница. Новиот проект за развој на европски стандарди за микро акредитиви, со пилот обука за микро акредитиви и ESG, беше претставен пред Комисијата за ЕСГ и Комисијата за човечки ресурси при МБА, како и пред другите присутни кои сакаат да слушнат и да научат за овој проект.

На свечениот дел од настанот, на кој присуствуваа преку 200 гости од банкарството, академската заедница, финансиските институции и од стопанските комори, г-ѓа Фатма Диркес се обрати пред присутните заедно со претседателката на МБА, г-ѓа Маја Стевкова-Штериева, министерката за финансии, г-ѓа Гордана Димитриеска-Кочоска, вицегувернерката на Народната банка, г-ѓа Емилија Нацевска и директорот на Фондот за осигурување на депозити, г-дин Бехар Емини.

niksa

About niksa