МБА со тимот на MiCreS проектот ќе присуствува на вториот состанок организиран од IEF
Македонската Банкарска Асоцијација како дел од тимот на MiCreS проектот со свој претставник ќе присуствува на одржувањето на вториот состанок на проектот, организиран од Institut de Estudis Financiers (IEF), што ќе се одржи овој септември во Барселона!
Целта на овој состанок е разгледување на сите направени чекори во развојот на планот за WP2, решавање на отворените задачи и поставување нови рокови.
Се надеваме дека овој состанок ќе биде уште една можност за зајакнување на нашите соработки и унапредување на нашите заеднички цели.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата: https://micresproject.com.