МБА ПАРТНЕР НА FRANKFURT SCHOOL OF FINANCE & MANAGEMENT

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева и извршниот секретар, м-р Милена Перчинкова присуствуваа на почетен состанок за ЕРАЗМУС проектот насловен „European micro-credentials and professional qualifications certification system in the banking & financial services sector MiCreS“ што се одржа во Франкфурт, Германија.

Во овој тригодишен проект покрај МБА како партнери на Frankfurt School of Finance& Management учествуваат институции од Белгија – European Banking and Financial Services Training Association (EBTN), Романија – Institutul Bancar Roman (IBR), Малта – Institute of Financial Services (IFS Malta) и Malta Union of Bank Employees (MUBE), Шпанија – FUNDACIÓ PRIVADA INSTITUT D’ESTUDIS FINANCERS (BFS-IEF), Србија – Udruženje banaka Srbije ASSOCIATION OF SERBIAN BANKS (ASB), Турција – IFE Istanbul Finans Enstitusu Egitim ve Danismanlik Hizme (IFE), Италија – Finance & Banking, Associazione per lo Sviluppo Organizzativo e delle Risorse UМANE (EFFEBI), Ирска – Banking & Payments Federation Ireland (BPFI) и The Institute of Bankers in Ireland (IOB).

niksa

About niksa