Фондацијата за пружање помош и поддршка ЗАЕДНО ЗА ЕДНО – Скопје се основа за пружање долгорочна помош и поддршка на настраданите лица погодени од трагичниот пожар што се случи во Кочани, Република Северна Македонија на ден 16 март 2025 година.
Фондацијата ја основа Здружението за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје како нејзин единствен основач.
Целта за основање на Фондацијата е транспарентно фокусирање на хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон пружање долгорочна помош и поддршка за настраданите лица погодени од трагичниот пожар што се случи во Кочани на ден 16 март 2025 година, нивните семејства и блиски лица. Притоа, како посебни цели и задачи на Фондацијата се издвојуваат следните:
1.) долгорочна финансиска и материјална поддршка за настраданите лица од трагичниот пожар, за нивните семејства и блиски лица;
2.) помош во процесот на рехабилитација и реконструктивни медицински третмани;
3.) психолошка поддршка и советување за настраданите, нивните семејства и блиски лица;
4.) поддршка во образованието и професионалната реинтеграција на погодените лица;
5.) промоција на солидарност и општествена одговорност во рамки на банкарскиот сектор и пошироката заедница.
Темелните програмски начела и определби во кои се содржани горенаведените цели и задачи, се појдовна основа за подготовка на долгорочните, среднорочните и краткорочните планови и програми за работа на Фондацијата.
Седиште и адреса на фондацијата е следната:
Телефон и е-пошта:
Органи на Фондацијата за пружање долгорочна помош и поддршка ЗАЕДНО ЗА ЕДНО – Скопје се:
1. Одбор,
2. Директор.
Одборот е највисок орган на управување на фондацијата утврден и го сочинуваат 5 (пет) членови:
Директор на Фондацијата е Милена Перчинкова.