Претседавачот на комисијата за ЕСГ учествуваше на бизнис форум
„Креирањето на амбиент за успешно управување со ризици поврзани со климатските промени и правилната примена на ЕСГ стандардите заслужуваат големо внимание бидејќи истите ќе обезбедат создавање поздрава животна средина и остварување на целите за одржлив развој на целата национална економија. Улогата на банкарскиот сектор во ублажувањето на климатските промени, е да ја обезбеди транзицијата кон зелено финасирање”, истакна Богоја Китанчев претседавач на Комисијата за ЕСГ при Македонската банкарска асоцијација, на неодамнешното гостување на 15. Бизнис форум во организација на Ротари клуб Скопје Центар.
На Бизнис форумот, како панелисти учествуваа Фросина Целеска како претставник од Народната банка, Зорица Асенова претставник на Македонската берза, а претставник на бизнис секторот беше Димитар Ристовски од Алкалоид.