Одржана работилница за ESG Прашалникот

На 12 декември 2025 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работилница посветена на ESG прашалникот, организирана од Комисијата за ESG при МБА. Настанот собра повеќе од 40 претставници од членките на Асоцијацијата, а сесиите ги водеа претседавачот и заменик-претседавачот на Комисијата, г-дин Богоја Китанчев и г-а Маја Ставрева Стојанова. Македонското кредитно биро ја презентираше техничката платформа која ја овозможува примената на ESG Прашалникот во банкарскиот сектор.

Работилницата беше фокусирана на продлабочување на практичното знаење за ESG прашањата и на унапредување на начинот на кој банките собираат, анализираат и користат информации за одржливост. Преку детална демонстрација на процесот на пополнување на ESG Прашалникот, учесниците добија насоки за тоа како да обезбедат точни и доследни податоци, како и како да развијат поквалитетна комуникација со клиентите.

Оваа иницијатива таа претставува градење нова генерација банкарски професионалци кои ќе можат подобро да ги советуваат компаниите на патот кон одржливи бизнис модели. Со зголемено разбирање на климатските, еколошките и социјалните аспекти на работењето, банките ќе ја зајакнат својата улога како партнери во трансформацијата на македонската економија.

Им благодариме на сите учесници за активната вклученост и конструктивните дискусии. Заедно го поставуваме темелот на поусогласени, поодговорни и поодржливи деловни практики во банкарскиот сектор.

niksa

About niksa