ESRS стандардите достапни и на македонски јазик

ЕСГ Комисијата при Македонската банкарска асоцијација ги информира сите засегнати страни дека European Sustainability Reporting Standards (ESRS), како официјални стандарди за известување за одржливост во рамки на CSRD директивата на Европската Унија, сега се достапни и на македонски јазик.

Што претставуваат ESRS?
ESRS се рамка што детално го дефинира начинот, структурата и обемот на информации кои компаниите треба да ги објавуваат во делот на Животна средина, Општество и Управување (ESG). Тие овозможуваат:

  • подобра споредливост на податоците за одржливост
  • поефикасно управување со ESG ризици и влијанија
  • транспарентност пред инвеститорите и регулаторите
  • усогласеност со европската регулатива

Кој треба да ги користи?
Сите компании што потпаѓаат под CSRD (Corporate Sustainability Reporting Directive), а тоа се големи финансиски институции, котирани компании и нивните партнери во синџирот на снабдување, ќе имаат обврска да известуваат според овие стандарди почнувајќи од 2025 година.


Документите на македонски јазик се достапни на следниот линк:
European Sustainability Reporting Standards | Centre for Financial Reporting Reform

… или можете да го превземете ПДФ документот директно од тука:


ESRS Macedonian.pdf

niksa

About niksa