Се одржа 52. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација

На 29.9.2021 година,  виртуелно се одржа 52. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

На состанокот, покрај претседателството на Македонската банкарска асоцијација, присуствуваа претставници од банкарските здруженија од Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Србија, Сан Марино, Хрватска, Унгарија, Црна Гора и од Турција.

Најпрво извршниот директор на ЕБФ, г. Вим Мијс, ги информираше присутните за активностите на федерацијата во изминатиот период.

Гостин на состанокот беше г. Гвидо Клари, раководител за операции на Европската инвестициска банка за Словенија, Албанија, Косово и Северна Македонија.

Работата на Европската банкарска федерација во насока на закрепнување од последиците од ковид-кризата беше презентирана од Бурчак Инел, директор во ЕБФ за финансирање развој.

Слаѓана Средојевиќ од Здружението на банки на Србија ја презентираше книгата подготвена по повод 100 годишниот јубилеј на здружението:
“Banking Associations – Their Role and Impact in a Time of Market Change”Presentation by Sladjana SREDOJEVIĆ (Association of Serbian Banks (ASB)).

На состанокот беше отворена дискусија и разменети искуства при што активно се вклучи претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева.

niksa

About niksa