Одржан 53-тиот состанок на асоцијативните членки на Европската Банкарска Федерација

На 29-ти и 30-ти мај 2022 година, во Истанбул, Турција се одржа 53-тиот состанок на асоцијативните членки на Европската Банкарска Федерација (ЕБФ).

Домаќин на настанот на кој присуствуваа претставници од 12 земји беше Здружението на банки на Турција.

Македонската банкарска асоцијација ја претставуваа заменик претседателот Тони Стојановски и извршниот секретар Милена Перчинкова.

Состанокот го отвори и водеше претседателот на Извршниот комитет на ЕБФ, Кристијан Осиг, а извршниот директор, Вим Мијс информираше за актуелните активности на ЕБФ и најновите случувања на ниво на Европската Унија.

Влијанието на војната во Украина врз економијата, размена на најдобри банкарски практики и најнови случувања на национално ниво,банкарската супервизија – Базел III/IV и ESG ризиците, финансирањето на одржлив раст, финансиската едукација беа на Агендата на состанокот.

niksa

About niksa