„Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Република Северна Македонија“ во организација на Одделението за едукација при МБА и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)

На 21.11.2024 година во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација, а во организација на Одделението за едукација при МБА и Програмата за развој на Обединетите нации (United Nations Development Programme – UNDP), се одржа презентација на Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Република Северна Македонија“. 

Програмскиот тим говореше за оваа трансформативна програма која нуди зелени финансиски средства и техничка помош за малите и средни претпријатија и граѓаните кои се недоволно опслужени, а со кои се постигнуваат еколошки, енергетски и економски придобивки – намалување на емисиите на стакленички гасови, пониски трошоци за енергија, подобар квалитет на воздух, итн. Се разговараше и за родовите аспекти поврзани со Програмата и пошироко за нив во финансискиот сектор, како и за алатката Технолошки селектор наменета за избор на решенија за обновлива енергија и енергетска ефикасност (фотоволтаици, соларни колектори, топлински пумпи, инвертери, изолација, уреди за ладење, итн.). Под недоволно опслужени граѓани се подразбира жени-носители на домаќинство, самохрани родители, Роми, домаќинства со лица со попреченост, вработени погодени од Ковид-19, приматели на дознаки и повратници од странство.

Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Република Северна Македонија“ е финансирана од Заедничкиот фонд на Обединетите нации за Целите за одржлив развој (UN Joint SDG Fund), Владата на Република Северна Македонија, Европската банка за обнова и развој (European Bank for Reconstruction and Development –  EBRD) и локални финансиски институции.  Програмате e имплементирана од UNDP во партнертство со Меѓународната организација за миграции (International Organisation for Migration – IOM), Економската комисија за Европа на Обедитеите нации (United Nations Economic Commission for Europe – UNECE) и EBRD.

niksa

About niksa