Традиционално со националниот натпревар Европски квиз на парите, МБА ја одбележува Глобалната/Европска недела на парите
Вчера, на првиот ден од Глобалната/Европска недела на пари – 18.03.2024 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз на парите, каде што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава.
Најголем успех на натпреварот имаа Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ ,,Цар Самоил,, од Ресен со менторката Дијана Ѓоргиевска, Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС Васил Антевски-Дрен од Скопје со менторката Билјана Ниновска, Марија Трпинова и Калина Трпчевска од ООУ „Стив Наумов“ од Скопје, со менторката Даниела Димишковска, Даниела Трајковска и Дениција Атанасова од СЕПУГС Васил Антевски-Дрен од Скопје со менторката Билјана Ниновска, Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци со менторката Лоска Давчева и Спасенија Димова и Катерина Трпевска од ООУ ,,Пере Тошев” од Росоман со менторката Андриана Николова.
Тимовите продолжуваат во вториот финален круг, кој ќе се одржи на 21.03.2024 година, а победничкиот тим ќе ја претставува нашата земја на европското финале, на 19-ти април во Брисел, Белгија.
Нашата држава по шести пат учествува на Европскиот квиз на пари – проект на Европската банкарска федерација наменет за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, што кај нас го организира Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност.
Tradicionalisht me garën nacionale Kuizi Evropian i Parave, АBM-ja/Komisioni e shënon Javën Globale/Evropiane të Parave
Dje, në ditën e parë të Javës Globale/Evropiane të Parave – 18.03.2024, u mbajt raundi i parë i garës nacionale Kuizi Evropian i Parave, ku garonin mbi 1000 nxënës të paraqitur të shkollave fillore dhe të mesme në vendin tonë.
Suksesin më të madh në garë e kishin Kirill Kitevski dhe Kristijan Llazaroski nga SHMK “Car Samoil” nga Resnja me mentoren Dijana Gjorgievska, Stefani Georgievska dhe Filip Klobuçinski nga SHMEJQSH Vasil Antevski-Dren nga Shkupi me mentoren Biljana Ninovska, Marija Trpinova dhe Kalina Trpçevska nga SHFK “Stiv Naumov” nga Shkupi, me mentoren Daniella Dimishkovska, Daniella Trajkovska dhe Denicija Atanasova nga SHMEJQSH Vasil Antevski-Dren nga Shkupi me mentoren Biljana Ninovska, Llara Rosomanska dhe Elena Rizova nga SHMK Gjimnazi “Dobri Daskalov” Kavadarë me mentoren Loska Davçeva dhe Spasenija Dimova dhe Katerina Trpevska nga SHFK “Pere Toshev” nga Rosomani me mentoren Andriana Nikollova.
Ekipet vazhdojnë në raundin e dytë të finales, i cili do mbahet më datë 21.03.2024, ndërsa ekipi fitues do e përfaqësojë vendin tonë në finalen evropiane, më 19 prill në Bruksel, Belgjikë.
Vendi ynë për herë të gjashtë rradhazi merr pjesë në Kuizin Evropian të Parave – projekt i Federatës Bankare Evropiane i destinuar për edukim financiar të nxënësve të moshës nga 13 deri 15 vjet, që tek ne e organizon Asociacioni Bankar i Maqedonisë në bashkëpunim me Komisionin e Letrave me Vlerë dhe Bankën Popullore të Republikës së Maqedonisë së Veriut.