Средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)

На 13 декември 2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА), се одржа значајна средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), предводени од Висар Перани, претставник на Канцеларијата на ИФЦ за нашата земја.

На состанокот од МБА присуствуваа Извршниот секретар, претседавачот на Правната комисија, претседавачот на Комисијата за информативна сигурност и претставникот на Комисијата за платежни картички и дигитално банкарство. Оваа средба беше одлична можност за размена на идеи и презентирање на тековните активности на МБА во делот на дигиталните финансиски услуги и решенија.

Во рамки на дискусијата, претставниците на МБА дадоа краток преглед на активностите на релевантните комисии, фокусирајќи се на унапредувањето на дигитализацијата во банкарскиот сектор.

Од страна на ИФЦ беше презентиран нивниот нов проект, чија цел е да го поттикне усвојувањето на дигиталните финансиски услуги кај сите учесници на пазарот. Проектот е насочен кон унапредување на финансиското вклучување и посредување, поддршка на иновативни дигитални решенија, како и стимулирање на економскиот раст и развој на целиот регион.

Овој состанок ја означи почетната фаза во истражувањето на можностите за продлабочена и долгорочна соработка помеѓу Македонската банкарска асоцијација и Меѓународната финансиска корпорација. Соработката има потенцијал да придонесе кон зајакнување на финансискиот екосистем во регионот преку поддршка на современи технолошки решенија, зголемување на достапноста на финансиски услуги и поддршка на економскиот напредок.

Средбата заврши со иницијатива за натамошна координација и конкретизирање на идните чекори за реализација на заедничките цели.

niksa

About niksa