Состанок на Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ

Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ при Македонската банкарска асоцијација на својата последна седница, одржана на 11.03.2019 година, со која претседаваше Ирена Кузманоска, ја разгледуваше иницијативата за истоветно прикажување на објавените финансиски извештаи кои банките се должни да ги публикуваат на Македонска берза преку СЕИНЕТ, како и прашања поврзани со Одлуката за методологија за утврдување на адекватноста на капиталот и нејзината примена по измените на Одлуката за методологија за кредитен ризик применлива од 01.07.2019 година.

Поради подобри анализи и компарации на податоците што се објавуваат на македонската берза а во интерес на инвеститори од земјата и од странство се прифати иницијативата банките во кварталните финасиски извештаи кои се објавуваат на берза да го искажат и данокот на добивка, со пресметана стапка согласно регулативата и интерните процедури на банките.

Разгледни беа и ставовите за висината на пондерот за ризик по измените на одлуката за методологија за кредитен ризик, како и записникот од состанокот на работната група Исидора, на која се дискурираше за проектот за воведување нов систем за супервизорски и статистички податоци кои банките ги испраќаат до Народната банка на Република Северна Македонија.

niksa

About niksa