Се одржа состанок со мисијата на ММФ
Претседателката на Македонска банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева и извршниот секретар, м-р Милена Перчинкова одржаа онлајн состанок со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд предводена од Бергљот Бјорнсон Баркбу, шеф на мисијата.
Од страна на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд присуствува и Стефани Ебле, Антон Мангов, Томас Гаде, Франциско Ролдан и Симона Ковачевска Стефанова.
На состанокот се дискутираа макроекономските случувања и предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор.