ПрајсвотерхаусКуперс Северна Македонија претстави „ESG регулатива за банкарскиот сектор во Европската Унија“
На 07.06.2022 година, Македонската банкарска асоцијација организираше работилница на која ПрајсвотерхаусКуперс Северна Македонија ја претстави „ESG регулативата за банкарскиот сектор во Европската Унија “.
Презентери на настанот беа Ана Павловска и Кирил Папазоски од Адвокатското друштво Папазоски Мишев, Независно адвокатско друштво во соработка со PwC, Симе Јовановски од оддeлот за сметководоствено-советодавни услуги како и Лукаш Личко и Конрад Фраковијак од ПрајсвотерхаусКуперс Полска, кои ги споделија своите искуства во оваа област во земјите членки на унијата, како и во регионот.
Презентацијата ја следеа претставници на членките на Македонската банкарска асоцијација, Комисијата за СПП и усогласеност со прописи, Комисија за човечки ресурси и Правна Комисија како и претставници на Внатрешна ревизија во Банките.