Одржана работилница на тема „Процес на продажба на портфолио со нефукционални кредити”
Денес 08.11.2023 година во просториите на МБА во организација на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг се одржа работилница на тема: „Процес на продажба на портфолио со нефукционални кредити (NPL portfolio sales process)”.
Работилницата ја водеше г-дин Урош Јеровсек, директор на Сектор за реструктурирање во НЛБ банка ДД Љубљана, Словенија.
Работилницата ја отвори претседавачот на Комисијата м-р Бојан Стојаноски кој нагласувајќи дека нашиот банкарски сектор има солидни капитални и ликвидни позиции и историски најниско ниво на нефункционални кредити, истакна дека продажбата на портфолио со нефукционални кредити многу малку се ефектуира во нашата земја и оваа работилница ќе овозможи запознавање со самиот процес.
МБА изразува голема благодарност до г-дин Урош Јеровсек и раководството на Комисијата на чија покана тој ја одржа работилницата.