Одржан состанок на Комисијата за ликвидност

На 4. ноември 2022 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа состанок на Комисијата за ликвидност кој го отвори и водеше претседавачот на Комисијата г-дин Емил Јакимов.

На состанокот беа дискутирани актуелни теми а посебен акцент г-дин Ѕвонко Станковски  стави на  примената на Законот за финансиско обезбедување.

Збор зема и г-дин Владимир Лескароски кој се осврна на активностите на Одборот за избор и следење на референтни банки во изминатиот период како и на промените кои што ќе следат во делот на преземање на обврската на Македонската банкарска асоцијација на апликативното решение за пресметка и објавување на референтната каматна стапка СКИБОР.

На седницата беше презентиран и концептот на инстант плаќања од страна на г-ѓа Сандра Томановиќ, Директор на Дирекција за платни системи во  Клириншка куќа.

niksa

About niksa