Одржан првиот состанок на Комисијата за заштита на личните податоци

На 15-ти јуни 2021 година се одржа првиот состанок на Комисијата за заштита на личните податоци. Состанокот се одржа виртуелно, преку Webex платформата и на истиот присуствуваа лицата именувани од страна на нивните институции како членови во Комисијата.

На состанокот се дискутираше за идните активности на Комисијата поврзани со актуелниот Закон за заштита на личните податоци како и за сродните активностите кои се тесно поврзани со него.

Комисијата за заштита на личните податоци беше формирана на 31-та седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација како работно тело во рамки на Асоцијацијата која активно ќе работи на Законот и ќе се залага за олеснување и унапредување на работењето на членовите на Македонската банкарска асоцијација.

niksa

About niksa