Одржан е-состанок на претседателството на МБА и тимот на ММФ

На денешната средба со Делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд и претседателството на Македонската банкарска асоцијација се дискутираше за состојбата во банкарскиот сектор и неговата инволвираност во моменталната ситуација со COVID-19.

На состанокот од страна на Македонска банкарска асоцијација присуствуваа Маја Стевкова-Штериева, претседател, Тони Стојановски, заменик претседател и Милена Перчинкова, извршен секретар.

Од страната на Меѓународниот монетарен фонд присуствуваа Бергљот Бјорнсон Баркбу, шеф на мисијата, Стефани Ебле, регионален претставник на ММФ за Западен Балкан, Јеан-Гуилауме Поулаин и Антон Мангов економисти во тимот од Вашингтон.

Состанокот се одржа онлајн преку WebEx платформата.

niksa

About niksa